Промените во структурите на ФК Пелистер почнуваат од денеска, па така по најавата на СПОРТМЕДИА, денеска и официјално Ванчо Мицевски ја превзема функцијата спортски директор на клубот од Битола. Легендарниот голгетер се враќа на раководна функција во клубот кој е во тешка криза и закован за дното од табелата,
„Без никакво двоумење ја прифатив понудата и од денеска и официјално сум во клубот. Во текот на денот ќе има прес конференција на која ќе се случи промоцијата и на која ќе бидат најавени следните потези на новата управа. Поради кусото време некои технички работи ќе се менуваат во деновите кои следат. Можам само да најавам дека иако ќе биде тешко ние нема да се откажеме од борбата за опстанок и од битката за пехарот во Купот на Македонија. Јас сум секогаш тука за Пелистер“, вели Мицевски.
СПОРТМЕДИА најави дека Ванчо Мицевски ќе иде директор а во структурите на УО на клубот ќе влезат неколку бизнисмени и легенди на клубот како Тони Мицевски и Митко Стојковски.
Со Ванчо Мицевски денеска и официјално во управата на клубот се враќа и Сашо Здравевски.