Гравина: Време е да воведеме плеј-оф во Серија А

242

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија Габриеле Гравина ја лансираше идејата за промена на постоечкиот формат на Серија А. Неговиот предлог е воведување на плеј-оф фаза во најсилната италијанска лига. Во моментов во Серија А има 20 тима, кои играат по 38 натпревари – по два меча секој тим и тоа дома и во гости. Идејата е по редовната сезона да се играат плеј-оф натпревари за првенството да биде поинтересно. Баражи веќе има во пониските лиги во Италија.

„Време е да пробаме со плеј-оф натпревари во Серија А“, коментира Гравина за „Кориере дело Спорт“.

Во 90-тите никој не веруваше во идејата да се делат по три поени за победа, а тоа се покажа како одлична идеја. Се гледа дека плеј-офите во втората и третата лига е гаранција за возбуда и интерес. Би било грешка да не се обидеме да ги вметнеме и во Серија А, притоа да ги почитуваме постигнувањата на тимовите пред тоа“, вели Гравина.

Претседателот ја коментираше и одлуката на здравствените власти на стадионите во моментов да има најмногу 5.000 луѓе. Ова е мерка поради многуте случаи на инфекција со коронавирус.

Фудбалот, исто така, ја движи економијата на земјата и заслужува достојно признание, слично на другите сектори како киното и театарот. Факт е и дека во принцип имаше финансиски тензии кога не зафати пандемијата“, додаде Гравина.

 

 

ПретходноМешковска со порака по затвoрањето на базенот “Борис Трајковски“: Неспособни кадри, поставени партиски!
СледноНебојша Симиќ: Бев во шок, морав да ги прашам играчите дали е вистина!