Бојан Трајковски е ново засилување на дебитантот во Првата лига. Македонскиот репрезентативец во редовите на Феникс доаѓа од Пелистер со кого на полусезона ја раскина соработката.
Трајковски е најавен како вистинско освежување во редовите на скопскиот тим, кој им прави проблеми на големите имиња сезонава.
Феникс е осми на табелата, но има големи шанси да се најде во посакуваната шесторка која продолжува во Супер-лигата.
Дебито на петкратниот освојувач на Првата лига и шесткратниот освојувач на Купот во „виолетово-жолтиот“ дрес се очекува на престојниот натпревар против Работнички во СЦ „Јане Сандански“.