Како што и најави „Спортмедиа“, од денеска и официјално Ванчо Мицевски е нов спортски директор на Пелистер. Големо име на клубот, легенда, која секако дека ќе знае, но и ќе мора да донесе “нови ветришта“ во ФК Пелистер, во гордоста на Битола.
Денеска во друштво на Тони Коњановски, новиот градоначалник на Битола, на стадионот “Петар Милошевски“ беа и останатите легенди на ФК Пелистер кои ќе бидат вклучени во работата на клубот. Тоа се Митко Стојковски, Тони Мицевски, Сашо Здравевски, Спасе Ристевски и Златко Цветановски.
Покрај другото беше истакнато дека Општината, која пак си го врати клубот, направила напор и ги ипсплатила сите долгови на ФК Пелистер заклучно со 01.01.2022 година.
ФОТО: Bitola.gov.mk