Несторовски доби соиграч од Арсенал

353

Италијанскиот Удинезе објави дека нов играч на екипата е одбранбениот фудбалер Пабло Мари кој дојде од Арсенал. Тој ќе игра во италијанскиот клуб како позајмен до летото, а во зделката е вклучена и опција за откуп на договорот.

28-годишниот Шпанец не е во плановите на Микел Артета и запиша само два меча од стартот на сезоната во Премиер лигата. Удинезе ја држи 14-тата позиција во Серија А и има потреба од цврстина во дефанзивата, а Пабло Мари може да ја донесе.

Инаку Пабло Мари е поранешен играч на Манчестер Сити но таму не успеа да се пробие. Арсенал го привлече од Фламенго пред точно две години – прво под наерм, а потоа за да го откупи плати 6 милиони евра.

ПретходноМак-фудбалот не е бизнис: Заработката од трансфери за 2021 е само 1,4 милиони евра!
СледноРогановиќ: Лесно ми е мене со овие играчи…