Овермарс обвинет за учество во бизнис измама тешка 111 милиони евра

385

Легендарниот поранешен холандски фудбалер Марк Овермарс е во центарот на скандал во Холандија. Се работи за бизнис измама поради која многу луѓе изгубиле многу пари.

Спортскиот директор на Ајакс е обвинет како советник на криптовалутата „Xpose Protocol“, која, иако процвета пролетта 2021 година, набргу пропадна и остави илјадници млади Холанѓани на цедило, наведува „Voetbalzone“.

Големата измама „тешка“ 111 милиони евра се темели на добро осмислена маркетиншка кампања. Инфлуенсери на главните канали на социјалните мрежи се врбувани да купат Xpose, а луѓето кои го купиле, за одредени награди регрутирале нови купци.

Се ветувале брда со злато, гарантиран приход без мака, а потоа кон крајот на мај 2021 година вредноста на валутата крахирала.

Овермарс е претставен на веб страницата на Xpose на 25. мај како член на советодавниот одбор, а ден по неговото доаѓање вредноста на валутата се удвоила. Меѓутоа на 28. мај, само три дена по доаѓањето на Овермарс валутата доживеала дебакл. Вредноста почнала нагло да паѓа и речиси 20.000 луѓе ги изгубиле парите во еден налет.

ПретходноРаботнички “летна“ за Анталија, “тестови“ со Раков и Краковија!
СледноСтадион во Аеродром за националниот тим за 10-12 илјади гледачи!