Во Унгарија сите земји учеснички на Европското првенство постојано имаа проблем со ПЦР тестовите, резултатите од истите доаѓаа многу доцна, но со оглед на тоа дека средбите се играа во 18 часот, ова задоцнување на беше толку фатално.
Проблемите за репрезентациите кои обезбедија билет за главната фаза во Будмпешта се чини доппрва доаѓаат. Како што пишува „индекс.хр“, денеска Хрватска и останатите селекции резултатите од последните тестирања можеби ќе ги добијат на половина час пред почетокот на мечот.
Главната рунда ќе се игра во три термини: 15:30, 18:00 и 20:30 часот.
Хрватска – Црна Гора е првата двојка во Будмпешта. Новинарите од гореспоменатиот спортски сајт тврдат дека дошле до информација, која вели дека ако тестовите не бидат готови до стартот на натпреварот, претставници од здравствените власти на Унгарија можат да дојдат на терен по некој од заразените ракометари и веднаш да го остранат и да го пратат во изолација.
ЕХФ нема официјално соопштение, но шведската федерација најави дека правилата за заразените играчи најверојатно ќе се променат, наместо пет дена изолација, истите да одат во осумдневна изолација.
Останува да видиме како ќе тече првиот ден од главната рунда.