Работнички “летна“ за Анталија, “тестови“ со Раков и Краковија!

186

Работнички денеска отпатува за Анталија каде ќе ја одрабори главната фаза во текот на овие подготовки. Експедицијата на клубот од Градски парк ќе биде во познатиот турски центар до 31 јануари за кога е закажано враќањето во Скопје.

Покрај тренинзите и воигрување на тимот за пролетниот дел, Работнички во Анталија планира и одигрување на две пријателски средби. Првата ќе биде на 23 јануари и тоа против Раков (Полска) и на 26 јануари со Краковија (Полска).

Во тимот кој што отпатува денеска за Анталија, беа и најновите засилувања Момчило Рашо и Драшко Ѓорѓевиќ.

 

ПретходноНови правила за играчите на позајмица – клубовите не смеат да го прават ова…
СледноОвермарс обвинет за учество во бизнис измама тешка 111 милиони евра