Рагник се правдаше за Роналдо

473

Манчестер Јунајтед синоќа го совлада Бренфорд со 1-3 во рамките на 17. коло во Премиер-лигата. Во 71. минута тренерот на гостите Ралф Рангник го извади од игра Кристијано Роналдо на негово место влезе Хари Мегваер.

Овој потег не му се допадна на португалскиот фудбалер, тоа можеше да се види од неговата гримаса.

По мечот предводникот на Јунајтед се правдаше за својата одлука.

„Мислам дека тоа е нормална одлука. Водевме со 2-0 и на претходниот меч со Астон Вила. Почувствував дека е подобро да ја браниме предноста на теренот со три стопери. Роналдо е напаѓач и тој сака да дава голови, но мораме да имаме на ум дека за три дена не чека нов меч“, изјави германскиот стручњак.

Манчестер Јунајтед игра против Вест Хем во рамките на 23. коло во Премиер-лига.

ПретходноЃоковиќ ќе бара цело богатство од Австралија
СледноТенисерот кој „250 пати“ го победи Ковид-19 доминира на Австралија Опен