Бајката на ова ЕП 2022 за Црна Гора и натаму продолжува. Аутсајдерот во првиот меч од главната фаза просто ја збриша Хрватска, извојува огромна, голема победа на задоволство на сите ракометни фанови во таа земја.
По мечот селекторот Зоран Рогановиќ не го криеше своето задоволство, па го кажа и следното…
“Па, лесно ми е мене со овие играчи. Тоа што ќе го нацртам тие го спроведуваат. Сепак и покрај се ние ќе останеме скромни, но треба да се каже дека нашиот потенцијал е огромен“ посочи селекторот на Црна Гора.
ФОТО: RSCG