Рома на Жозе Мурињо е последниот патник во четвртфиналето на Купот на Италија. „Волчицата“ вечерва на домашен терен со 3:1 го совлада второлигашот Лече и им се придружи на Интер, Сасуоло, Јувентус, Лацио, Милан, Фиорентина и Аталанта во една од завршните рунди до големото финале.
На изненадување на домашните, Лече уште во 15. минута победе со голот на Калабрези. Рома се обиде да ја стабилизира играта и во 40. минута Кумбула успеа да го врати мечот во егал (1:1).
Само 9 минути во вториот дел беа потребни за целосен пресврт. Тами Абрахам погоди за 2:1, а потоа Лече остана и со играч помалку по исклучувањето на Гаргиљо. Со голот на Шомуродов во 81. минута Рома го потврди своето место во следната рунда.