И екипата на Струга ТЛ денеска престави две нови засилувања за вториот дел од сезоната. Како што најави СПОРТМЕДИА, Па Омар Џобе и Сава Радиќ се нови имиња во струшкиот тим.
Станува збор за напаѓач и дефанзивец, позиции кои очигледно беа дефицитарни во есенскиот ростер на стружани. Па Омар Џобе доаѓа на позајмица од редовите на Шкендија на 6 месеци, додека со Сава Радиќ, Струга ТЛ потпиша двегодишен договор. Дефанзивецот дојде во Струга ТЛ од редовите на Академија Пандев, каде беше еден од најстандардните играчи.