Познати се дел од учесниците во третото коло на Австралија Опен. За едно од најголемите изненадувања се погрижи Беноа Пер, кој го совлада Григор Димитров со 3-1.
Французинот два сета доби со индентичен резултат (6-4) со вкупно направени три брејка. Димитров се врати во третиот сет, а додека последниот донесе еден брејк, се играше популарниот 13. гејм.
Но новиот тај-брејк Пер беше поубедлив со 7:2 и заслужено се најде во третото коло.
Пер е познат по својата спектакуларна изјава пред почетокот на Австралија Опен, дека 250 бил позитивен на Ковид-19.
„Јас сум Беноа Пер и 250 пати го прележав Ковид-19. Не се чувствувам психички најдобро поради сите изолации. Поради коронавирус имам проблем со носот. Минатата година беше тешка за мене, а новата тргна во ист правец“, изјави Пер.
Во следното коло место обезбедија Стефанос Циципас, кој беше подобар од Себастијан Баез со 3-1, додека пак Рубљев го совлада Бераникис со 3-0.