Од таа причина, Ѓоковиќ планира да го врати ударот и тоа навистина ќе биде жестоко. Спред англиски „The Sun“ поради лошиот однос кон него во Мелбурн ќе бара отштета од 3,8 милиони евра.
„Добро е познато дека Новак и неговото семејство сметаат дека биле лошо третирани во карантинот во хотелот во Мелбурн. Неговата мајка откри дека собата е полна со инсекти, ги држеа како затвореници“, се вели во текстот на англискиот медиум.
Новак е во Белград со своето семејство. Тој не само што беше депортиран, туку и добри забрана за влез во оваа земја во следните три години, но сепак би можел да настапува на Австралија Опен, секако доколку се процени дека тоа е од голема важност.