Ајнтрахт Франкфурт, тимот кој атакува на излез во европските купови доживеа шлаканица вечерва во првиот меч од 20. коло на Бундес лигата. „Орлите“ од Франкфурт доживеаа пораз на домашен терен од Арминија Билефелд со 0:2.
Двата гола паднаа во првото полувреме, Вимер погоди во 5. минута, а Шоф во 27. минута.
Тоа е шести пораз за Ајнтрахт сезонава, а веќе трет меч не знаат за успех (само еден бод). Со тоа покажуваат дека се во криза од која ќе мора брзо да најдат излез.
А Арминија, првпат по 2006 година победува во Франкфурт. Инаку оваа екипа игра добро на последните неколку натпревари. На петте претходни меча има три победи и две ремија.
FOTO> Twitter/DSC Arminia Bielefeld