Ивановски постигна два гола за Динамо, но едниот му го поништија (видео)

1414

Денеска се одигра првиот меч од 22 коло во романското првенство, а Аргес го пречека Динамо Букурешт. За гостите настапи македонскиот интернационалец Мирко Ивановски кој беше стартер, а го постигна и единствениот гол за својот тим во поразот од 2:1.

Нашиот напаѓач реализираше во 86. минута.

Претходно, во 25. минута Ивановски постигна гол за водство на Динамо но беше поништен поради офсајд.

Тоа е негов втор гол сезонава за Динамо, а првиот го постигна против Газ Метан во октомври минатата година. Инаку Динамо од Букурешт е претпоследен на табелата во романската прва лига.

ПретходноРенова во Охрид замина на фудбалски подготовки или на скијање? (ФОТО)
СледноПарите се причината зошто Роналдо сака да си оди од Јунајтед!