Тимот на Ливерпул е во финалето од овогодинешното издание на Лига купот откако синоќа во елиминираше тимот на Арсенал. Двата гола во триумфот на тимот од Енфилд ги псотигна Диого Жота, а менаџерот Јирген Клоп по натпреварот беше исклучително среќен поради изведбата на Португалецот.
„Постигнавме два прекрасни гола. Жота беше фантастичен. Знаевме од првиот ден кога пристигна како засилување што ќе значи за Ливерпул и каков играч сме донеле. Откако е тука дополнително напредуваше, и е претворен од играч од светска класа. Неговиот менталитет во кобинација со неговиот неспорен квалитет, повеќе пати тоа сум го кажал, е фантастичен, затоа и го доведовме. Има огромен талент, во одлична форма е, и се надевам дека така и ќе остане“ – изјави Јирген Клоп.