Милош Тошевски (23), некогашниот младински репрезентативец на Македонија својата кариера ќе ја продолжи во Казахстан, во тимот на Атирај. Денеска е официјализиран овој трансфер, барем според „Трансфермаркт“, и тој веќе неколку денови е во Анталија заедно со своите нови соиграчи.
И дотука ништо чудно, трансфер како трансфер. Но има тука едно но..
А тоа но е фактот дека Тошевски во Атирај заминал од екипата на Бродарац, тим кој се натпреварува во третата по ранг лига во Србија. Нашите клубови и играчите кои играат кај нас во ПМФЛ имаат проблеми да направат вакви трансфери, а во Србија ете, од трета лига се прават трансфери во Казахстан.
Инаку Тошевски во дел од својата кариера настапуваше и за екипата на Работнички, Земун….