Тимот на Норвич ја запиша втората победа по ред, а вкупно четврта во досегашниот дел од сезоната откако на „Викариџ роуд“ го совлада директниот конкурент за опстанок Ватфорд со 3:0 во 23. коло на Премиер лигата.
По првиот дел немаше погодоци, но во вториот се распукаа гостите. Џош Сарџент реализираше во 51. минута, а истиот играч погоди и во 74. минута. Четири минути по примениот втор гол Ватфорд остана со играч помалку поради втор жолт картон на Денис.
Во последните минути од мечот Јурај Куцка си ја смести топката во сопствената мрежа и со тоа ја запечати победата на Норвич со 3:0.
Норвич со овие бодови за миг избега од опасната зона. Сега е 17-ти со 16 бода, два повеќе од Ватфорд кој има и два меча помалку, а четири повеќе од претпоследниот Њукасл кој исто така има два меча помалку.