Овој Бетис е спремен за ЛШ – чуда прави во Ла Лига, вечерва го демолира Еспањол (видео)

215

Екипата на Бетис со крупни чекори трча кон Лигата на шампионите. „Зелено-белите“ од Севиља вечерва со 4:1 го совладаа Еспањол и тоа во гости и со тоа се зацврстија на третото место на табелата со 40 бода од 22 меча, дури 13 повеќе од четвртиот Атлетико кој има и два меча помалку.

Како и да е второпласираната Севиља им бега пет бода, а првиот Реал девет. Бетис со игрите што ги прикажува сезонава е спремен за големи нешта. Ако продолжи вака не им бега излез во Лигата на шампионите.

Вечерва во Еспањол ја изрешетаа мрежата на домашните. Де Томас го доведе Еспањол во водство во 14. минута, а потоа се беше во рацете на Бетис. Борха Инглесиас во 31. минута изедначи, а пет минути подоцна пресврт донесе Родригез.

Во 53. минута Борха Инглесиас по фантастичната асистенција на Каналес зголеми на 3:1, а на 4:1 зголеми Вилијан Хозе во 76. минута. Домашните тотално капитулираа, а капак на се беше црвениот картон на Де Томас во 82. минута.

 

ПретходноДефанзивец на Порто со четири датуми на раѓање
СледноНорвич ја наполни мрежата на Ватфорд во второто полувреме (видео)