Црногорците се како Македонците: Излегоа на снегот – ги развиорија знамињата (ВИДЕО)

577

Црна Гора продолжи да пишува историја на ова Европско првенство. Откако во групната фаза ги совлада Словенија и Македонија, во главната рунда на почетокот и одржа лекција на Хрватска.

Успехот на избраниците на Зоран Рогановиќ вчера се славеше низ улиците на Црна Гора. Голем дел излегоа низ улиците, не ги спречи ниту снегот, ги развиорија знамињата, им испратија поддршка на своите „лавови“.

Ваквите слики ни се добро познати на нас Македонците, секоја голема победа и успех се слави низ улиците во нашата земја. А Црна Гора ги заслужи сите честитки за прикажаната игра.

ПретходноМакедонија утре ја собира балканската одбојкарска елита
СледноЕкс-капитенот на Феникс е нов спортски директор на клубот!