Трет меч и втор пораз на Борец на пријателските мечеви Анталија. Денеска велешани загубија со 0:1 од Габала, тим од Азербејџан. Според извештаите од Анталија, Борец одиграл сосема солидно, но сепак Азербејџанците успеале да триумфираат и тоа со голот на Хани во 8.минута.
Да потсетиме дека Борец на првиот меч во Анталија загуби од МТК (Унгарија) со 1:5, додека на вториот славаше со Каспиј (Казахстан) со 1:0.