Екипата на Феникс, најпријатното изненадување во Првата лига, од денеска ќе има нов спортски директор.
Со оглед дека во процесот на градење на овој тим потекнува од младо тренерско име, Денис Дервишевиќ, шанса се дава на млади имиња. Па доскорешениот капитен Елвис Хот од денеска и официјално ќе ја извршува функцијата спортски директор на клубот.
Хот кој има 24 години е дел од „фабриката за таленти“ цели 14 години, ги помина сите младински категории во Феникс, а претходната сезона прв го крена шампионскиот трофеј.
За потсетување, Феникс вчера и официјално се засили со Бојан Трајковски пред продолжение на сезоната, се наоѓа на осмата позиција на табелата и ќе се бори да се најде меѓу првите шест екипи.