Селекторот на исландската ракометна репрезентација, Гудмундур Гудмундсон повика двајца нови играчи во тимот по брзото ширење на инфекцијата со Ковид-19.
„Длабоко сум разочаран. Би рекол дека сме шокирани од ова. Многу добро се погриживме да се изолираме од ова, но организацијата на ова ЕП е очајна“, вели Гудмундсон.
Тој вели дека Исландската ракометна федерација потрошила стотици илјади евра за да се изолираат пред да заминат на ЕП. По пристигнувањето условите во однос на спречување на инфекцијата биле незадоволувачки.
„Во хотелот бев многу незадоволен од многу работи. На почетокот имаше туристи кои не носеа маски. Ги имаше насекаде. Сега сме шест репрезентации заедно и сите користиме исто бифе. Има многу работи што не ги разбирам. Длабоко сум разочаран што дојдовме во таква ситуација“, вели селекторот на „рибарите“.