Италија потврди: Битката со Македонија дефинитивно во Палермо

204

Италијанската фудбалска федерација денеска достави допис до Фудбалската Федерација на Македонија со кој потврдува дека бараж мечот од полуфиналето за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година дефинитивно ќе се игра во Палермо на 24 март во 20:45 минути.

Ова значи дека на сите шпекулации околу историскиот меч кој го игра нашата репрезентација треба да им се став крај и дека дефинитивно ние овој бараж меч против Италија го играме на Сицилија. Имаше најави дека можно е да играме и на неутрален терен, но со денешниот документ доставен во ФФМ оваа информација и се официјализира.

„Надежите“ против Србија на „Вождовац“

Во исто време, од ФФМ доаѓа и информацијата дека младата репрезентација до 21. година својот пат годинава го започнува на 24 март во Белград каде што ќе се сретне со репрезентацијата на Србија. Тој пак меч е закажан да се одигра на стадионот на „Вождовац“.

 

ПретходноСостојбата на Раиола е критичина
СледноДастин Вер потпиша за Шалом Рем