Младата македонска тениска надеж, Калин Иваовски, утре наутро треба да ги започне настапите на јуниорскиот дел од првиот Грен Слем турнир годинава, Австралија Опен. Ивановски кој е 10. носител на јуниорскиот турир кај мажите, во премиерното коло за противник го доби рускиот тенисер Јарослав Демин.
Според официјалната програма на АО, дуелот е закажан во 2:30 минути по полноќ. Останува да му посакаме среќа и добар старт на Ивановски на првиот голем турнир во новата година.