Македонија утре ја собира балканската одбојкарска елита

179

Одбојкарската федерација на Македонија утре ќе биде домаќин на 23. Генерално собрание на Балканската одбојкарска асоцијација. Во скопскиот хотел „Александар Палас“ 37 делегати од 11 одбојкарски федерации членки на БВА (Македонија, БиХ, Албанија, Грција, Косово, Молдавија, Романија, Србија, Турција, Црна Гора и Хрватска) ќе се сретнат за да дискутираат за годишната програма на БВА за 2022 година.

Македонија утре треба да го предаде претседателствувањето со БВА, затоа што му завршува мандатот на првиот човек на ОФМ, Петар Стојановски. На генералното собрание на БВА утре во Скопје, Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) доаѓа со три члена меѓу кои претседателот Александар Боричиќ и потпретседателот Ренато Арена. Свој говор на самото собрание ќе има Боричиќ, но и првите луѓе на МОК, Даниел Димевски и на Агенцијата за млади си спорт, Наумче Мојсовски.

БВА на утрешното собрание треба да ги одреди домаќините на балканските првенства во младинска конкуренција кои ќе се одржат оваа година и тоа во категориите У16, У17 и У19 кај дамите и У17, У18, и У20 кај мажите. Според најавите, БВА треба да го отвори и прашањето за возобновување на Балканската одбојкарка лига, т.н. БВА Куп во машка и женска конкуренција кој во изминатиов период практично замре.

ПретходноКалин Ивановски против Русинот Демин утре наутро почнува на јуниорскиот АО
СледноЦрногорците се како Македонците: Излегоа на снегот – ги развиорија знамињата (ВИДЕО)