Шпанската јавност во грстот на трансфер информации со кои се бави во моментов го вметна и Македонскиот интернационалец и репрезентативец Енис Барди. Тој според нив е мета на Италијанскиот гигант Милан, кој зимава планира да се засилува, а изборот е токму нашиот универзалец.
Шпанците велат дека Барди веќе одржал состанок со челните луѓе на Леванте и дека ја изразил желбата за трансфер со оглед на големината на клубот кој е заинтересиран за неговите услуги. Исто така се наведува дека Милан е подготвен да плати во моментов 5 милиони евра, и со тоа за релативно мала сума да добие играч кој би зазел сериозно место во ротацијата во периодот кој следува.
Барди е веќе неколку сезони дел од тимот на Леванте, и со успех настапува во Примера, но во моментов клубот е на последното место на табелата, има огромни проблеми да обезбеди опстанок сезонава, па сигурно дека тоа е една од главните причини за Енис Барди сериозно да размислува за преселба во Милано.
🔁¿SAMU CASTILLEJO, rumbo a #LaLigaSantander?
🔁¿ENIS BARDHI, rumbo a ITALIA?
🔁IDRISSI, ¿De Sevilla a Cádiz?
¡Todos los movimientos y rumores del mercado, en #ChiringuitoFichajes! pic.twitter.com/ZkgdREVKOX
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) January 20, 2022