Бојан Миовски, нашиот репрезентативен напаѓач продолжува со добрите игри и голови за својот МТК на подготовките во Анталија. Па така денеска, Миовски на мечот со славниот Шахтјар Доњецк, при победата од 3:0, успеал да постигне два гола, а беше асистент за третиот гол на својот тим. Тоа значи дека речиси сам го победил противникот од Украина.
За МТК настипил и Стефан Спировски, како Херера, екс фудбалерот на Работнички.
Сепак треба да се каже дека од таборот на МТК информираат дека Шахтјар не играл со своите најдобри фудбалери, дека ова било неофицијална пријателска средба.