Норвешка во два дена дојде до две побед, два важни бодови во трката за место во полуфиналето на Европското првенство. Овој пат ја совлада „ранетата“ Германија со убедливи 23-28 и сега има четири бода исто колку и Шведска.
Германците исто како против Шпанија беа одлични во првото полувреме, водеа со два гола разлика, но од 14. минута текот на работите се промени. Норвешка го наметна своето темпо и на одморот замина со 12-14.
Не се промени ништо во продолжение, позитивата на норвешките ракометари се зголемуваше, без проблем го привршија дуелот во своја корист.
Тофт со седум гола од десет обиди беше прв стрелец, на другата страна Гола имаше четири погодоци.
По две одиграни кола во главната рунда, Шпанија е лидер во групата 2 со шест бода, зад неа се Норвешка и Шведска со 4 бодови, следат Германија, Русија и Полска.