Шкендија продолжува пријатно да ги изненадува своите фанови. Имено како што и се најавуваше, од денеска ново име во редовите на шампионот е Кире Маркоски, доссегашен фудбалер на Шкупи, кој дојде во директниот конкурент за титулата, и тоа во Тетово.
Секако дека Маркоски е големо, екстра засилување во нападот на тимот на Бруно Акраповиќ и вкупно петто засилување во текот на зимски преоден рок.
Договорот е потпишан на 1,5 година.
“Желбата на секој фудбалер кој игра во ПМФЛ е да биде член на Шкендија. Среќен сум што сум дел од Шкендија, едвај чекам да почне пролетниот дел за го дадам својот максимум“ рече покрај другото Маркоски, кој во својата кариера има играно и за Работнички, А. Пандев, АЕЛ, Спартак Трнава.