Партизан и Струмица гости на јубилејот на ОК Вардар!

213

Викендов убава шанса за љубителите на одбојката да видат интересни натпревари на квалитетни екипи. Имено по повод 75- години ОК Вардар, гости на славеникот, на еден од нашите најголеми одбојкарски брендови, ќе бидат екипите на Партизан од Белград и Струмица.

Натпреварите се играат утре и задутре во салата “Борис Трајковски“. Треба да се каже дека на овој јубилеј на ОК Вардар, требаше да гостува и екипата на Будва, но поради проблеми со позитивни на Ковид, екипата од Црна Гора мораше да го откаже ова гостување.

Се очекуваат вистински одбојкарски возбудувања во “Борис Трајковски“.

ПретходноСтручен коментатор – Ристо Магдинчев: Критики да, но не и навреди!
СледноФранција остана без селекторот, Јакобсен ги тестира сите 35 дански ракометари