Работнички и натаму ги засилува своите редови. Како што и најави „Спортмедиа“ уште пред десет дена, Симеон Христов напролет ќе биде еден од оние кои ќе биде задолжен за тресење на противничките мрежи. Христов доаѓа од Тиквеш, а претходно има играно за повеќе клубови, има и интернационална кариера.
Од него покрај раководството на Работнички, многу очекува и неговиот татко, тренерот на „романтичарите“ Борче Христов.