Саудијците се „тепаат“ кој да го добие Обамејанг

207

Саудиски Ал Хилал ќе се обиде да го донесе напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, на позајмица, со тоа што е подготвен да му плаќа целосна плата од 350.000 фунти неделно. 32-годишниот играч беше силно поврзуван со заминување од „Емирати“, бидејќи падна во немилост на Микел Артета, откако му беше одземена капитенската функција.

Обамејанг веќе има понуда за позајмица и од Ал Наср, со обврска за комплетенангажман за 6,7 милиони фунти. Според „Дејли Меил“, Ал Хилал исто така бара да го донесе играчот на позајмица, но засега немаат никаков одговор од Арсенал.

ПретходноДончиќ постигна пет поени за три секунди (ВИДЕО)
СледноАО: Барти во осминафинале, Анисимова ја запре Осака