Фазлагиќ официјално во Висла Краков до 2026

1611

Капитенот на Македонската младинска репрезентација, Енис Фазлагиќ е нов член на тимот на Висла Краков. Играчот за врска кој досега беше дел од тимот на Жилина заминува во еден од најдобрите клубови во Полска, и ја искачува својата кариера на едно сосема поинакво нив. Ова е само награда за одличните партии на Фазлагиќ во Жилина, каде што неколку сезони беше стандарден првотимец.

Трансфер вреден половина милион евра

Фазлагиќ со Висла Краков се обврза на верност од 4.5 години односно до 2026 година. Со посретство на менаџерот Шаќир Реџепи, Фазлагиќ прави трансфер вреден половина милион евра. Дел од парите заминуваат за Жилина, а дел и за неговиот некогашен клуб Шкендија.

 

 

ПретходноМиовски сам го победи Шахтјар Доњецк!
СледноОфицијално: Кире Маркоски екстра засилување за Шкендија!