Франција остана без селекторот, Јакобсен ги тестира сите 35 дански ракометари

385

Ковид проблемите и натаму се главна тема на Европското првенство во ракомет. Никој не е сигурен со каков состав ќе настапи на секој следен натпревар. Најголем проблем по Црна Гора (веќе се среди) има Германија. Оваа селекција сакаше да се повлече од континенталното натпреварување, остана само со 13 ракометари, но желбата да се остане беше поголема.

По новите тестирања, Франција во продолжение од главната рунда, поточно најмалку до 26 овој месец ќе остане без селекторот, Гијом Жил. Тој нема да ја води својата репрезентација против Исланд, Црна Гора и најверојатно Данска.

Предводникот пак на Данска, Николај Јакобсен, одлучи сите 35 ракометари да се тестираат за коронавирус, на овој начин ќе има јасна слика со кои сили ќе располага на секој следен меч. Позитивен е Линдберг, кој ќе може да се приклучи дури во полуфиналето.

ПретходноПартизан и Струмица гости на јубилејот на ОК Вардар!
СледноМиовски сам го победи Шахтјар Доњецк!