Русија посилна – се враќа Шишкарев!

174

Денеска продолжуваат мечевите на Европското првенство кое се одржува во Унгарија и Словачка. На програмата се три меча и тоа од групата 2 во Братислава.

Први на терен ќе истрчаат Русија и Шпанија. „Зборнајата“ за оваа пресметка во составот ќе го има Данил Шишкарев, кој беше во изолација откако беше позитивен на коронавирус.

Русија беше поразена од Шведска, а сега ја чека тешка задача против актуелниот првак, Шпанија, кој вчера ја совлада Германија. Мечот е закажан со почеток во 15:30 часот.

На останатите две средби, Шведска (18 часот)  ја продолжува трката за второто место во групата. По победата над Русија ќе бара два нови бодови за останување во игра за место во полуфиналето, секако со кикс на Норвешка која игра против Германија во последниот термин вечерва (20:30 часот).

 

ПретходноЕкс-капитенот на Феникс е нов спортски директор на клубот!
СледноНадал преку Качанов до осминафинале на Австралија Опен