Јувентус ја достави првата понуда до Фиорентина за српскиот голгетер Душан Влаховиќ. Според информацијата на „Спортмедиасет“ кои се добро упатени во случувањата во италијанскиот фудбал, „Старата Дама“ и понудила на Фиорентина сума од 35 милиони евра, плус Дејан Кулушевски, во замена за Влаховиќ.
Во моментов не е познато дали оваа понуда ќе и одговара на Фиорентина, затоа што „виолетовите“ се уште не одговориле. Претходно беше објавено дека Арсенал е подготвен да плати 68 милиони евра за Влаховиќ и да му даде договор на играчот вреден 18 милиони годишно.