Првата носителка на Австралија Опен, Ешли Барти се пласираше во осминафиналето на првиот Грен Слем победувајќи ја Камил Ѓорги од Италија со 6:2 и 6:3. Во осминафиналето Барти ќе се сретне со Аманда Анисимова, која изненадувачки ја победи Наоми Осака со 4:6, 6:3, 7:6 (10-5) и ја елиминираше една од фаворитките за висок пласман.
Осака стартуваше многу подобро, Анисимова имаше многу грешки, па Јапонката без поголеми проблеми го доби првиот сет, иако мораше да спаси една брејк топка. Во вториот сет Анисимова стартуваше со агресивна игра, но ги намали грешките. Прво пропушти три брејк топки, потоа спаси две, а потоа направи брејк за 3:1. Анисимова остана прибрана и успеа да го добие сетот со 6:3, па во завршниот трет сет по голема борба во тај-брејкот среќата и се насмеа и успеа да направи изненадување.