Се комплетираше стручниот штаб на Вардар, тука е и Лосерт!

261

Давид Дејвис може да здивне. Новиот стратег на некогашниот двократен европски првак, тимот на РК Вардар, од денеска го комплетираше својот стручен штаб. Имено денеска на тренинзите се појави и Венио Лосерт кој ќе биде тренер на голманите на “црвено – црните“. Во стручниот штаб на Давид Дејвис, покрај Лосерт, тука се и Владо Недановски и Стојан Петрушевски. Во моментов вардарци се подготвуваат во Скопје, наскоро се очекува и враќање на оние кои настапија на ЕП во Унгарија и Словачка.

ПретходноНови Џек Пот добивки на електронските игри на среќа, најнова понуда од Видеолотарија
СледноУрнебесно видео: Фаз…Фаз…Фазлагиќ, како Висла го претстави македонскиот фудбалер! (ВИДЕО)