Сосема неочекувано и речиси наеднаш, здравствената состојба на еден од најголемите фудбалски агенти во светот, Мино Раиола е сериозна, и тој е пренесен на интензивна нега, јавуваат медиумите во Италија.
Раиола бил подложен пред неколку дена на рутински оперативен зафат, но неговата состоја рапидно се влошила. Се работи за проблем со респираторниот систем, и информациите засега не се оптимистички.