Француски рагбист пронајден мртов, се претпоставува дека се самоубил фрлајќи се од зграда

151

Францускиот рагбист Жордан Мишелет се самоуби на 29 години, потврди неговиот клуб Руен кој се натпреварува во втората лига. Француските медиуми наведуваат дека Мишелет настрадал по пад од четврти спрат од зграда, а се верува дека се работи за самоубиство.

Локалната полиција била известена анонимно, а кога полицајците пристигнале на местото нашле студент кој пробувал да му изврши реанимација, но попусто затоа што тој веќе бил починат.

Неколку минути пред смртта, Мишелет наводно бил вмешан во сообраќајна несреќа што би можело да биде еден од мотивите за самоубиството.

Инаку Мишелет неодамна се оженил и чекал дете, а потпишал и тригодишен договор со Руен. Претходно играл и за Гренобил, а бил и член на младинската селекција на Франција.

ПретходноПарите се причината зошто Роналдо сака да си оди од Јунајтед!
СледноНорвешка според планот, нов пад на Германија