Јуве има понуда: 35 милиони евра + Кулушевски во замена за Влаховиќ

168

Јувентус ја достави првата понуда до Фиорентина за српскиот голгетер Душан Влаховиќ. Според информацијата на „Спортмедиасет“ кои се добро упатени во случувањата во италијанскиот фудбал, „Старата Дама“ и понудила на Фиорентина сума од 35 милиони евра, плус Дејан Кулушевски, во замена за Влаховиќ.

Во моментов не е познато дали оваа понуда ќе и одговара на Фиорентина, затоа што „виолетовите“ се уште не одговориле.  Претходно беше објавено дека Арсенал е подготвен да плати 68 милиони евра за Влаховиќ и да му даде договор на играчот вреден 18 милиони годишно.

ПретходноПоранешната вардарка става крај на кариерата!
СледноШведска си поигруваше со индиспонираната Полска!