Без голови на “Олимпико“: По бод за Лацио и Аталанта…

111

Во меч од 23.коло во Серија А, вечерва на “Олимпико“ во Рим, во еден не толку квалитетен натпревар, Лацио и Аталанта одиграа без голови со што освоија само по бод. Се чини дека и за двете екипи поважно беше да не загубат отколку да победат. Домашниот состав како да ја имаше иницијативата, но сепак не успеа да дојде до трите бода против квалитетниот тим од Бергамо.

Во 64.минута Лацио преку Закањи ја погоди стативата, додека на другата страна Миранчук во два наврати се закани, но како што рековме веќе, овој меч заврши без победник, 0:0.

ПретходноСекуловски: Пелистер е предизвик, посебно за нас битолчаните!
СледноАкадемија Пандев го промовираше новиот стручен штаб на чело со Стојчев!