Голманот на Голден Арт, Даниел Ацев, следните пет месеци ќе биде член на ракометниот клуб Охрид. Во соработка со двата клуба, а со цел поголема минутажа на младиот голман и индивидуален напредок, младиот скопски прволигаш кој работи на создавање млади македонски играчи се одлучи да го отстапи велешанецот Ацев на тимот на Раде Стојановиќ.