Микица Ѓоргиевски потпиша за Утсиктен БК

697

Некогашниот голман на екипите на Металург, Скопје, Локомотива, Борец, Микица Ѓоргиевски е нов чувар на мрежата на второлигашот од Шведска, Утсиктен БК.

Искусниот голман потпиша едногодишен договор, и во следниот период ќе настапува за овој мал, но амбициозен клуб.
„Мислам дека го направив вистинскиот чекор што се однесува до мојата кариера. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на клубот и дека ќе имаме успех во претстојната сезона“ – ни изјави Ѓоргиевски.

 

ПретходноВиљареал сигурен против Мајорка
СледноГолманот на Холандија не беше во плановите за ЕП: Од одмор дојде во Будимпешта (ВИДЕО)