Наскоро, ФК Пелистер ќе добие ново тренерско име. Последните информации велат дека новата управа на клубот вчера имала состанок со Марјан Секуловски, кој треба да го преземе кормилото на битолските „зелени“.
Човекот кој што неколку пати до сега го водеше Пелистер, најчесто кога на клубот му било најтешко, треба да ги предводи битолчани и во пролетниот дел од сезоната.
Популарниот Мане ќе има тешка задача да избори опстанок со Пелистер, но и „Чкембарите“ и сите навивачи на клубот веруваат во успех. Според дел од информациите, Секуловски треба да потпише договор со Пелистер на 18 месеци, а негови помошници ќе бидат Пашовски и Ганчев.