Повредата на играчот од средниот ред Ансу Фати се повеќе ја загрижува Барселона. Младиот фудбалер се повреди на последниот настап за каталонците, а вчера стигна информација дека проблемот е сериозен и за него можеби ќе треба и хируршка интерванција.
19-годишниот фудбалер ќе мора да одлучи дали веднаш ќе ја санира повредата со операција, која ќе го извади од терените од три до четири месеци.
„Каталонците“ му препорачале на Фати да се оперира во Финска, но конечната одлука останува на играчот. Избраниот план за лекување може да биде објавен денеска.