Ник Кирјиос е момче од скандал. Дека е така се виде и во петокот.
Тој заедно со сонародникот Кокинакис сензационално ја елиминираа најдобрата двојка во светот Никола Мектиќ и Мато Павиќ на Австралија Опен.
Неколку часа подоцна, контроверзниот тенисер ја информираше јавноста за скандалот што се случил во соблекувалната. Кирјиос за малку ќе бил претепан од тренерите на хрватската двојка.
„Само да ве информирам дека тренерот и кондициониот тренер на моите противници се заканија дека ќе ме претепаат. Тенисот е нежен спорт“, пиша тој на Твитер.
Things got HEATED in the locker room after Nick Kyrgios and Thanasi Kokkinakis’ doubles win 😳 Grothy got the inside word 🌶️#AusOpen – Live on Channel 9 and 9Now pic.twitter.com/iD26iHnUW1
— Wide World of Sports (@wwos) January 21, 2022
Во текот на мечот, Кирјиос во неколку наврати ги удри со топка своите ривали, што не е изненадување во играта во двојки.
Домашната публика беше на страната на Австралиецот, сосема очекувано, но впечаток е дека тие генерално претеруваат.
„Тие се такви. Навикнати сме на тоа. Но, не би им било проблем да покажат малку почит“, изјави Павиќ по мечот.