Од тешко-потешко за Хрватите, Црна Гора и Холандија во историска битка на ЕУРО

618

Финалистите на Олимписките игри во Токио 2020 Франција и Данска се единствените тимови во групата 1 кои имаат максимални четири бода. Двете репрезентации денеска ќе имаат шанса да продолжат победнички.

За противници имаат селекции кои по првото коло во главната рунда беа поразени. Франција за противник ја има селекцијата на Исланд, дуел кој се игра во 18 часот, додека пак Данска игра против Хрватска, ова е последен меч од денешната програма во Будимпешта. По поразот од Црна Гора, избраниците на Хрвоје Хорват ги чека уште потешка битка, јасен е фаворитот на оваа пресметка, но изненадувањата никогаш не изостануваат на вакви натпреварувања.

Во воведниот натпревар на денот се среќаваат Црна Гора и Холандија, ова е прв ЕХФ ЕВРО меѓусебен дуел во историјата за двете репрезентации. За разлика од Холандија која на стартот беше убедливо совладана од Франција, втората сензација на ова континентално натпреварување ја победи и Хрватска и продолжи да пишува историја. За Црна Гора ова ЕУРО ќе биде запаметено, за првпат се најде во главната фаза и дојде до победи над Словенија, Македонија и Хрватска.

Црна Гора го има Бранко Вујовиќ, кој има 27 погодоци и неверојатниот Небојша Симиќ. Голманот на оваа репрезентација ќе биде на тест на најдобриот стрелец во досегашниот дел од ЕУРО, Кеј Смитс, до сега реализираше 36 погодоци.

Против Исланд, Франција ќе биде без својот селектор, Гијом Жил, кој е позитивен на Ковид-19, тој нема да биде на клупата до крајот на главната рунда. Во таборот на Данска ќе го нема  Линдберг, додека Хрватите нема да сметаат на Давид Маниќ.

Со кој состави ќе настапат сите репрезентации ќе биде допрва познато, се чекаат резултатите од Ковид-тестовите, кои во Унгарија доаѓаат доцна.

ПретходноХрватска на ЕУРО даде гол за кој долго време ќе се зборува (ВИДЕО)
СледноНаскоро промоција: Марјан Секуловски ќе биде нов тренер на Пелистер